Угледни криминалци и чесни будали

Денес криминалци држат лекции за чесност, лажговци се кочоперат со титули, неработници се полнат со пари, а работливоста, скромноста и трпеливоста станаа синоними за неснаодливост, наивност, глупост.
Ако „бомбите” се случеа на некое друго место, во некоја скандинавска или западноевропска земја, тие веројатно ќе имаа брза и ефикасна разврска. Без потреба од јавни преслушувања на разговорите, без дебати од типот „сечени-лепени-монтирани”, без протести и бегање од одговорност, без процеси што се тегават во недоглед. Политичарите таму веднаш ќе си ја признаеја вината и ќе беа во затвор (можеби со надеж за пократка казна заради примерното поведение). Посебно да не зборуваме за криминал врзан со парични или гласачки измами на луѓе на функции. Кај нас таквите луѓе шетаат слободно, со дигната глава, купен углед, и без мува да ги лази! Зашто кај нас вистината е како зарзават на тезга. Си има цена и може да се купи. Тој што крадел и мамел во политиката или бизнисот, наместо да заврши во затвор, ќе добие нова шанса да стане уште побогат и поугледен! Уште е свеж примерот за тужбата што еден локален мафијаш-моќник ја поднесе на новинар, во која бараше паричен надомест за нанесена душевна болка. Се сеќаваме и на случајот кога новинар заврши во долготраен притвор заради извршување на својата професија. Но во нашава кратка историја од осамостојувањето до денес, тешко може да се посочи пример на јаснa и транспарентнa правна завршница на случај за сторен криминал на некој моќник или политичар. На крајот сите се невини и страдаат од нанесена „душевна болка”!

Нови „вредности“

Транзицискиот капитализам создаде нови „вредности” во нашето општество, во кое некогаш ги славевме правдата, трудот, чесноста, вистината, знаењето. Веројатно и тогаш постоел малигнен вирус, грижливо одржуван во примитивниот и зол лик на неспособноста, но во вредносниот систем била вградена и имунизацијата против него. Образованието било „вакцина” против заблудите, лагите, незнаењето и предрасудите. Денес вирусот на лажни и извртени општествени вредности се шири незапирливо. Сомнително, нетранспарентно и нејасно стекнатите богатства и функции им овозможуваат на поединци да манипулираат бескрајно со јавноста и да ги влечат конците на правниот систем во своја корист. Со светлосна брзина се бришат мачно создаваните вредности врз коишто се темели човечкиот интегритет. Денес криминалци држат лекции за чесност, лажговци се кочоперат со титули, неработници се полнат со пари, а работливоста, скромноста и трпеливоста станаа синоними за неснаодливост, наивност, глупост.

Не се станува милионер преку ноќ

Во вакво општество тешко ќе се воспостават повторно човечките права и вредности. Ако рол-модели се брзо збогатени мангупи, на сомнителен начин и на штета на државата, просторот за промоција на поинакви вредности или начин на однесување, се’ повеќе се стеснува.

Целата колумна на Синоличка Трпкова за ДојчеВеле прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e