Темелковски: Искрено и посветено ќе работам единствено за интересите на граѓаните

“Драги пријатели, ви се заблагодарувам за искажаната доверба со која ми ја дадовте честа да се кандидирам за градоначалник на општина Кисела Вода.

Ве уверувам дека како иден градоначалник на општината, искрено и посветено ќе работам единствено за интересите на граѓаните.

Се надевам дека на 15 октомври ќе има фер и демократски избори кои ќе бидат почеток на промените за подобар живот.

Општина Кисела Вода цели 12 години е заложник на власта на ВМРО-ДПМНЕ, дојде време за промени, ДОСТА Е.

Граѓаните на Кисела Вода досега тропаа на затворена врата, бараа да сопре урбаната мафија и градежниот хаос, бараа паркови, инфраструктура, чист воздух, комунална хигиена, паркинзи и безбедност во сообраќајот.

Пасивноста на локалната власт овие проблеми ги доведе да бидат итен приоритет. Граѓаните во населбите во општина Кисела Вода живеат назад во времето.

Средбите со граѓани кои ги остварив ми помогнаа да се запознаам со суштинските проблеми на општината и како иден градоначалник ќе се посветам на нивно реализирање.

Состојбата во некои од населбите на општина Кисела Вода е навистина застрашувачка.
Новата локална власт со работа ќе почне од почеток.

Ќе работиме на инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа, јавното осветлување, хигиената на јавните површини, а особено во градинките и училиштата.

Ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, ќе обезбедиме нови паркинг места, ќе и дадеме на општината зеленило, нови паркови, нови градинки и модерни пазари.

Ќе поставиме и мерна станица која ќе го мери квалитетот на воздухот, но ќе го разбудиме спортскиот и културниот дух кој одамна е изумрен во Кисела Вода.

Кисела вода во следните четири години ќе прерасне во модерна и урбана општина, општина која ќе го сруши сегашниот принцип и ќе ги отвори вратите за идеите и потребите на граѓаните.

Промените доаѓаат затоа што граѓаните заслужуваат подобро.

Ви благодарам!” – напиша кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e