Скопје после избори конечно нема да биде вмровски град

ВМРО-ДПМНЕ е нервозно, Скопје после избори конечно нема да биде вмровски град.

Според пресот на оној Бичиклиски очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води жестока прљава кампања против Петре Шилегов. Нема да зборуваат за политики и програми, туку ќе се обидат лично да го дескридитираат. Сетоа тоа е поради следниве причини:

1) Знаат дека Петре Шилегов кај скопјани подобро стои од Коце Трајановски. Затоа ќе бидат агресивни во кампњата.
2) Знаат дека падот на Коце Трајановски ќе биде голема победа за цело Скопје и вовед во распад на ВМРО-ДПМНЕ.
3) Знаат дека “Скопје 2014“, сечењето на дрвата, криминалот во двата мандата, останатите идиоштини кои од Скопје направија град во кој тешко се дише, движи, функционира, живее едноставно не се бранат.
4) Знаат дека после изборите Скопје нема веќе да биде вмровски

Истиот случај ќе биде и со кандидатите за градоначалници на сите скопски општини, посебно Карпош каде Стевче Јакимовски треба да изгуби од Стефан Богоев.

Петре Шилегов и Стефан Богоев се одлични оратори, знам дека во тој дел ќе бидат многу подобри од своите противници. Како што очекувам и да нивната кампања и понуда биде неспоредливо подобра од онаа на Коце и Стефче. Знам дека Шилегов и Богоев ќе најдат начин да ги престават пред граѓаните позитивните промени кои доаѓаат и на локалано ниво. Тоа што сакам да им порачам е да не дозволат да бидат испровоцирани во ниту еден момент од црната кампања на остатоците од режимот. Ако не дозволат да бидат испровоцирани, притоа одговорат на тоа со разум и без емоции, тогаш црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ ќе им оди нив во прилог и ќе биде дополнителен ветар во грб за нивните кампањи.

Џељо Хоџиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e