Што после Бејли?

Историјата на амбасадорите на САД ја исцртува константата на љубезна медиумска вербалност полна со демократија, отчетност, одговорност и проткаена со сушти спротивности во реалноста на прогледување низ прсти.

Сосема е извесно дека Македонија наскоро ќе стане земја членка на прилично екзклузивен, иако не толку елитен глобален клуб. Како 38 или 39-та земја во која САД нема да има ополномоштен и вонреден амбасадор, поради истекувањето на мандатот на сегашниот претставник амбасадорот Џес Липинкот Бејли. Велам, истекување на мандатот, кое не подразбира автоматски и заминување од мисијата. Но со оглед што САД во овој момент немаат амбасадор во најмалку 37 земји – вклучувајќи ги Германија, Саудиска Арабија, Турција, Австралија, Белгија, Унгарија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Египет, Шведска, ОБСЕ – за очекување е дека и амбасадата во Скопје ќе биде ставена на листа на чекање на нов Амбасадор. По истекувањето на тригодишниот мандат на амбасадорот Бејли, започнат со предавањето на акредитивните писма на 12 февруари 2015 година.

Колку за утеха на непочестените со високо дипломатско претставништво на САД во сопствените земји, вреди да се укаже дека огромната дипломатска празнина е уште позабележителна во самиот Стејт Департмент на САД. Во кој осум од десетте највисоки дипломатски позиции стојат се уште испразнети и во очекување да празнината наследена од Рекс Тилерсон биде пополнета од номинираниот државен секретар Мајк Помпео. Кој пак, според Вашингтон Пост, на денешното конгресно соочување се очекува да признае дека „многу членови на Стејт Департментот ги споделиле впечатоците колку е деморализирачко да се има толку испразнети функции и, искрено, да се чувствуваат небитни.”

Целиот текст на Арсин Зеколи за Дојче веле на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e