Што е легално во Собранието?

Ако некој закон или деловник дозволува можност за дискриминирање на мнозинството, преку формирањето на фантомски 10 парламентарни групи и дозволува натамошно одржување на власт ( во сферата на судството)на еден неправеден режим, тогаш клучното прашање е дали народните преставници, кои добиле мандат за промена на неправедниот режим, треба таквиот закон или деловник да го почитуваат.
Еден познат авторитет меѓу младината на ВМРО и пријател на Ванчо Михајлов рекол:
“Ако се создаде ситуација која претставува закана за слободата…прашањето за легалноста или нелегалноста станува второстепено. Припадниците на режимот,..можат да се повикуваат на легалноста за ништо да не се промени, но во таква ситуација народот има свето право да се бори со сите средства.
Само благодарение на овој принцип биле можни големите ослободителни битки против внатрешното и надворешното поробување на народите кои се претвориле во големи настани на светската историја.”
Откако Груевски ја освои власта во 2006 година цврсто се придржуваше до овие упатства.
Сега СДСМ и владината коалиција од страв да не бидат како него, дозволуваат зад маската на легалноста да се одржува неправедниот режим во судството и да бидиме сите изложени на еден вид јавна тортура од собраниската говорница преку парламентарниот канал на македонската телевизија.
Но, факт е дека многу Закони и Деловници кои режимот на Груевски ги усвојуваше без учество на опозицијата се направени така да ја оневозможат промената на власта и при губење на изборите или при составување нова влада. И оттука е прашање дали новото парламентарно мнозинство не е веќе упаднато во замката на “легалноста” од која не може да најде излез.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e