Се срамам од “академската” заедница на којашто припаѓам

Професорката  Maja  на последната седница на сенатот беше единствнената сенаторка, која стана и му се спротивстави на деспотот Јанкуловски и неговиот сомнабулен извештај и им одржа предавање на сенаторите по демократија, интегритет и им покажа со пример што значи да се биде Професор (намерно голема буква). Се срамам од “академската” заедница на којашто припаѓам, се срамам од лигушите и полтроните што молчат, се срамам од сенаторите, ректорот и неговата свита, се срамам од членовите на спукм (трагичен пример за млади луѓе без став и критичка мисла), се срамам од лажниот бастион на “авторитети” – “ штом тие лево ќе фатат, јас десно ќе одам”!

Уким е заробен во лигава обвивка од безрбетници и ќе треба време да еволуира и да се исчисти од смрдеата во која гние. Горда сум на грст мои колеги со кои изминавме и ќе минеме време во ПП, во борба за подобро образование и слобода на уким. А вие што немате сила и истрајност во борбата, вие што по кулоари не тапкате по рамо и не возвишувате до небеса на тајно, вие коишто немате време да ја согледате вистината и да дигнете глас и чекате од нас, “на тацна” слобода, вие не сте достојни ни за “звањата” ни за стоење пред студентите! И за вас, треба Грујо, треба импакт фактор, треба државен испит, треба смрдливо лоби од лигуши каде ќе се чувствувате фино и безбедно – зашто очигледно сте некадарни и неспособни како стручњаци, а особено како луѓе!

Фејсбук статус на професорката Синоличка Трпкова по повод дебатата за новиот закон за високо образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e