Ременски: Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …

Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва “протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом.
Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното.
Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине.
Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност.
Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете !

Фросина Ременски – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e