Признајте ја вината подобро ќе поминете

Ви нема спас доказите се цврсти како планина им порача на обвинетите јавно  Специјалниот јавен обвинител  Катица Јанева  и ги повика да ја признаат вината за да добијат поблаги казни. Последниот јавен настап на Јанева  мора да добие третман на тектонски потрес и врвен приоритет за спасување на Македонија од политичари ограбувачи на свите граѓани и упропастување на својата земја. Се работи за грандиозен историски пресврт кој е во тек и оди кон правна држава.

Специјалното јавно обвинителство на Македонија за гонење на организиран криминал  и висока корупција во врвовите на власта мора да добие вечен  мандат.  Додека има власт и центри на моќ ќе има криминал и корупција и злоупотреби на функциите и овластувањата. Со СЈО ќе има многу помалку.

Ако Македонија не се спаси од злосторничките здруженија формирани од  носители на власта, ако продолжат да ја ограбуваат како воен плен без соодветна казна , да  пљачкосуваат, да ја осирмашуваат, да ја разградуваат, да ја уништуваат непречено тие што треба да ја бранат од арамии и политичари  канибали, тогаш,  ќе не изедат и сѐ ќе биде залудно, сите реформи, општествени, економски, евроатлански интеграции, владеење на правото, независно судство, слободни медиуми, демократски процеси, …. сѐ тоа попусто,  невозможно да  функционира и да се оствари  во гнило метастазирано општество  каква што е  Македонија во овој  историски период  соочена сѐ  уште со несфатливо успешно  попречување на правдата и по падот на корумпираниот режим.

Последниот јавен настап на Специјалниот јавен обвинител  Катица Јанева на ТВ 24 мора да добие третман на тектонски потрес и врвен приоритет за спасување на Македонија од политичари ограбувачи на своите граѓани и упропастување на својата земја. Се работи за грандиозен историски пресврт кој е во тек и оди кон правна држава. Тоа би морало да стане стратегиски интерес број еден на државата. Обвинителката Јанева, првпат ја гледам со толкава сталоженост и речитост, самодовербата никогаш не и недостигала, но не пред камери и микрофони, но овој пат имаше чудесна сигурност во јавниот настап. Со памук  и насмевка вадеше душа на осомничените кои сѐ уште преку рецидивите на режимот успеваат да ја одлагаат правдата. Ви  нема спас, порача  Јанева, доказите се големи како планина. Подобро дојдете во СЈО признајте ја вината, во тој  случај законите се поблаги. Ако не, казните затвор за сторените кривични дела  за повеќе предмети изнесуваат над 20 години. Се разбира, за сѐ не може да има пазарење. Судиите  во наредните десет, па и повеќе години ќе имаат полни раце работа да судат за злосторствата и злоделата на високи државни функционери и нивни соработници. Станува збор не само за покренати постапки  за тешки криминали што се извршени во изминатите години на мафијашкото владеење и заробување на целата држава и држење под надзор на илјадници граѓани и јавни личности, туку и за нови предмети кои се отворија деновиве и што ќе се отворат во наредните денови, месеци и години. Во снимените разговори има такви ѕверства кои ја креваат косата на глава кои сѐ уште се неистражени и кои не смеат да завршат без казна.

Мозаиците се склопуваат во милиметарска прецизност, вели Јанева. Има тука уште години и години работа да расчистиме со тиранијата во заробената држава. Ако е во прашање политичка пресметка никогаш немаше да прифатиме таква улога, категорична е Јанева, бидејќи тоа еден ден ќе се дознае и не може долго да се крие. Таков товар не се носи ни поради себе, ни поради поколенијата. Напротив, се работи за историски оправдана и нужна мисија за сапасување на државата која и професионално и етички морално тимот на Јанева е подготвен храбро да го понесе. А, богами и го носи.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e