Попречување на правдата

На кое ниво на спрдачина со правниот систем и со општеството, судијата или судијката се должни да му свирнат казна од десетици илјади евра на сведокот кој свесно, со лаги и измислици, ја попречува правдата, го урива угледот на судот и ја заебава јавноста.

И кривична пријава, се разбира. Прашувам затоа што во процесот за фамозниот мерцедес сведоците ја издигнаа заебанцијата со правдата на ниво на фестивал кој е можен само во темелно заглупавено општество. Им се расипувале автомобилите, премиерот доцнел, на кванташки немало делови за старите возила, бла, бла, бла, на сон им се сонил мерцедес, од Штутгарт им рекле дека ако автомобилот е 600.000 евра, ќе добијат гратис автобус за превоз на судии, јебо те бог драги и тоа судијката го слуша, камерите снимаат порталите пренесуваат…

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e