Пискотници за јазикот, пискотници за мигранти, пискотници за шиптари…

Загрозени Македонци коишто или никогаш не излегле од Македонија или излегле, но не и од затворениот балкански ум. Македонија е мит создаден од Македонците, истите оние што ја раскрчмија, поделија и уништија и тие со заробениот ум коишто ја напуштија. Пискотници за јазикот, пискотници за мигранти, пискотници за шиптари, пискотници за предавници, пискотници за името во 21 век?! Пискотници и лелеци над се она од нас самите убиено. Ми се смачи од сериозноста и патетиката на големите Македонци. Смешни и безначајни џуџенца изгубени во сопствената умислена големина. Креатури без чувство за почит, разбирање, слух и најстрашно од се – без признание дека има и подобри и поумни од нас. Милион ипол јадници без компас, коишто мислат дека се трите кита што ја носат земјата.

Синоличка Трпкова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e