Парадоксално во сеењето страв за населување на мигранти…

Парадоксално во сеењето страв за населување на мигранти во Македонија е што повеќето општини се под локална власт на сегашната опозиција. Според законските прописи општините се тие кои носат детален урбанистички план, а согласно тоа и одобренија за градба на станбени комплекси врз основа на поднесено барање. Досега ниедна општина не излезе со барање од било кој за изградба на станбени комплекси за бегалци. Парадокс плус е што нема ни барања за азил на бегалци во Македонија. Ако нема барање за изградба на објекти и ако нема барање за азил – каде е потенцијалната опасност? Во секојдневниот живот тоа е паралелно на – НЕМАШ АВТОМОБИЛ, НИКОЈ НЕ ТИ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ТИ ГО УКРАДЕ А ТИ ПРИЈАВУВАШ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ТИ И ТВОЈОТ АВТОМОБИЛ СТЕ ВО ОПАСНОСТ.

Драги Рашковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e