Политичко ангажирани колумни пишувам од ноември 2014 година. Значи добри два-три месеци пред објавата на „бомбите на Заев“. Еден сум од првите членови на Професорскиот пленум. Активна учесничка во сите можни протести против Владата на Груевски. Дел од Шарената револуција. Не сум член на СДСМ. Противник сум на авторитиразмот и на клептократијата. Според мене, олицетворение на тоа е феноменот наречен „груевизам“. Да резимирам, противник сум на груевизмот. До смрт. Бидејќи, неслободата за мене е смрт. Подобро да ме нема, отколку да прифатам лакејство, слуганство, полтронство, уцена, понижување и срам.
И затоа, како изблик на моите ставови, мислења и визии, пишувам колумни на сопствениот ФБ профил. Нив ги презема кој како стигне. Не ми пречи, бидејќи сите портали и весници досега тоа го правеле коректно. Ги пренесувале моите текстови во целост. Не сум барала авторство и од никого нема да побарам хонорар или заштита на моите права како пишувач на текстот.
Момчиња и девојки од порталот Курир. „Злото“ во мојата порака сте Вие. Последните слуги и измеќари на груевизмот. Паѓа тој, паѓате и вие.
Ви благодарам за шансата да ви се обратам онака како што ви доликува: М’рш, гниди низаедни!!!
P.S. Линкот до мојата „сецканица“ нема да го ставам за да не ви се крева читаност.
Гордана Попсимонова