Охридскиот рамковен договор треба да е национален празник

-Се сеќавам на погребот во Прилеп на загинатите бранители од Карпалак, лелеци, солзи на мајки, татковци, браќа, сестри завиени во црно, плачат тие – плачам и јас. Се сеќавам на ноќ помината во подрумот на семејна куќа во Непроштено, цел тој регион беше жестоко бомбардиран за време на ноќите. Очајот, загрижениот поглед на родителите и на постарите во комбинација со плачот и стравот на дечињата од силниот одек на бомбите е слика што тешко се заборава. Се сеќавам на погребот на младо момче од Требош, ако не се лажам убиено од снајпер на влезот во сопствената куќа. Се сеќавам на загрижените лица на македонските полицајци на пунктот во Вратница мислам беше, среде територија контролирана од УЧК, еден од нив низ солзи ми рече дека не знае дали ќе остане жив да си ги види децата. Се сеќавам на утрото кога колегата и другар Трпе ми се јави растревожен и во солзи, не можел да најде автомобил да ја земе неподвижната мајка која живееше на тетовското Кале, а само што беа почнале жестоки борби во тој предел. Веднаш отидовме да ја земеме мајка му и едно мало кученце, ако се сеќавам, откако ги донесовме во Скопје на сигурно, влеговме во кафеана и се опијанивме од среќа, тага, страв, загриженост од комбинација на сѐ.

Се сеќавам на уривањето на Лешочкиот манастир, на палењето на старата џамија во Прилеп, се сеќавам на Вејце, на Љуботен, на Арачиново, на малтретираните мавровски работници, на десетината исчезнати на кои до ден-денес не им се знае трагата, на раселените, на девастирачките слики на до темел запалени куќи, вие се сеќавате ли, вие кои повикувате на поништување на Охридскиот договор?

Целата колумна на Ерол Шакири за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e