70 годишен турист од Македонија бил спасен од давење на плажа во грчкото летувалиште Неи Пори.
Според изкази на сведоци, македонскиот турист изгубил свест додека пливал, пишуваат грчките медиуми.
Според информациите, спасувач на плажата навреме го забележал мажот и веднаш реагирал, извлекувајќи го од водата. Благодарение на брзата интервенција и кислородната поддршка што му била укажана на местото, туристот се освестил без потреба од кардиопулмонална реанимација.
По дводневен престој во болница, македонскиот државјанин бил пуштен на домашно лекување.
