ГИ НАМАЛИВТЕ И НЕ ГИ ИСПЛАЌАТЕ СУБВЕНЦИИТЕ, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ Николовски побара одговорност од Трипуновски

Николовски во своето воведно обраќање по однос на интерпелацијата за неговиот наследник во МЗШВ, ги прочита насловите во медиумите за кои се однесуваат на земјоделскиот сектор и ги нарече како да се од црна хроника.

Ако ги погледнеме медиумските написи и коментарите на земјоделците, земјоделството е секогаш во црна хроника:

Откупот од малите земјоделци паднал за 46,2 отсто:

Работиме во загуба, млекото намалено за 10 денари само за неколку дена

100 милиони евра наместо 140лаги од владата

Жетвата почнува а нема ни цена ни субвенции за житото

Поништени повиците за трактори и механизација 

Владата нема доделен ниту еден трактор за две години

Лозарите незадоволни од цената на вранецот и смедеревката

Уапсен директорот на платежната агенција

Уапсен директорот на инспекторатот за земјоделство

Откупот за младите земјоделци паднал рекордно за 331 милион евра за само три месеци

Земјоделците бараа средба со Мицкоски

Субвенциите за овци доцнат 10 месеци

Владата удри по земјоделците, скратени субвенциите за тутунот, предизвикан гнев кај тутунарите

Млекото се откупува по се пониска цена

Државната поддршка дојде предоцна

Земјоделците пак се на нова мака, поништени повиците за трактори и механизација кои ги чекаа 2500 земјоделци

Мито од 50.000 евра договорил директорот на платежната агенција

100.000 евра договорил директорот Васе Анакиев

Сите наслови како од црна хроника,

“Што велат ветувањата а што вели реалноста, тоа е предмет на оваа интерпелација?

Изборната програма на ВМРО вели – 180 милиони евра годишно преку разни програми за финансиска поддршка. Во реалноста, на годишно ниво не исплаќате ни 120 милиони евра. Конкретно за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и интервентниот фонд  вкупниот буџет на овие програми во моментот е 124 милиони евра. Да не споменуваме дека програмата за органско производство воопшто не ви е ни усвоена од Влада, а веќе сме на средина од 2026 година.

Кога веќе ги лажевте земјоделците со некаква зголемена поддршка, а истата е помала од било кога претходно – бидете искрени барем за крај и кажете им на земјоделските производители кои секој ден ве прозиваат – немаме пари, сите проекции ни се погрешни, снаоѓајте се како знаете.

Кажете им дека поголема поддршка ќе има за поединци – поединци за кои го зголемивте лимотот за субвенции од 300.000 евра на 1 милион евра по корисник. Поединци за кои смисливте мерки за кои не треба доказ за продаденото производство за сертифициран посадочен материјал од пред 2 години. Поединци кои ги позлативте со дополнителни субвенции за откуп на грозје.”, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e