Неколку факти од Синадиновска на денот на слободата на печатот

Македонските медиуми беа киднапирани, злоупотребени, сведени на криминални дувла, не само за ширење пропаганда и перење мозоци, туку и за правење пари, многу пари. Оттука, сосема е надвор од памет (но, и крајно некорисно) да се споредуваат сегашните ветришта на слободата со оние урагани коишто бришеа секаква трага на човечки или концептуален потенцијал и професионализам.

НО, еднакво, ако не и повеќе, е надвор од памет и опасно, денеска, во мај 2018-та, некој истите тие медиуми да ни ги продава за освестени покајници, за измачени Марии Магдалени и жртви.

Фактот што тие најбезобразно, преку ноќ, сменија страна, не е аргумент за нивното ослободување драги мои, напротив, тоа е уште еден доказ за нивната корупција и заложништво, амбиенти во коишто единствено умеат да пливаат.

И не, не е ова работа на фелата. Напротив, ова е работа на целото општество, на сите власти и на целото граѓанско јадро.

Ние бараме одговорност, не само на ниво на поединци, туку и на ниво на правни лица.

Лесно е Владата да заборави, на оваа и на секоја идна и’ требаат овие камелеони.

Но, наша одговорност и должност како генерација е да потсетуваме, да не заборавиме и да се потрудиме да го исчистиме просторот.

Без професионални медиуми, никогаш нема да имате демократија. Ќе имате неинформирни, прелажани и изманипулирани граѓани…. а на денот на избори нема ништо поопасно од едно такво “стадо”.

Честит да ни е денот колеги!

Нема информација, нема правда, нема мир!

Катарина Синадиновска – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e