Нација што се испокраде самата себе!

Испаѓа дека во последниве 12-13 години во Македонија не краделе само државните служители и функционери кои немале допир со материјално-финансиските ресурси на државата. А тоа значи дека краделе сите 250.000 или 300.000 души. Затоа што и најдолнорангираните, ако не друго, можеле да крадат и краделе, тоалетна хартија, течен , кертриџи, компјутерски мауси, пенкалца, лсд екрани итн. додека останатите краделе, кој сто, кој сто илјади, кој милиони евра.

Добро, нека да исклучиме од оваа сага еден или пет отсто високоморални, за наши прилики, ненормални типови, пак ќе може без какви било резерви да кажеме дека Македонија е нација која успеа да се испокраде самата себе во рекордно краток рок.

Ова е без преседан. Случајот е многу различен од системите со расширена корупција и друг вид криминал, различно и од мафијазираните држави. Ова е општа пљачка на отворено, без морални скрупули, без страв, без тревога, без контрола, како некој да дал знак за трка на сто метри во која целата нација трча по своето парче од лентата на целта затоа што тоа парче, таа панделка е националното богатство по кое се трча.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ