Македонски Pax Americana

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа.

Како што стојат работите, деновиве привршува еден голем американски проект започнат пред отприлика 28 години: создавање на независна, суверена Република Македонија, во републичките бившојугословенски граници утврдени по завршувањето на Втората Светска војна. Да, дефинитивното име на таа држава ќе го дознаеме деновиве (како што се гледа, завршена е таа работа), а потоа следи брз прием во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ.

емојте да имате никакви сомневања дека зад тоа стои долгогодишниот американски национален интерес – кој разбира што е тоа, тој сфаќа за што станува збор – со цврсти безбедносни гаранции за нас во сите изминати три децении, дури и кога нам ни се чинело дека сме заборавени и оставени на фантазиите и грдите епизоди на балканските национал-шовинистички авантуристи од сите околни географски должини и широчини, а пред сè од овие во самата Македонија, Македонци и Албанци.

Голем број граѓани во Македонија, немајќи доволна дистанца од вителот на историските настани низ коишто поминуваме во последните неколку децении, немаат точна проценка за круцијалната важност на ставот на САД низ гарантирањето на, пред сè, безбедноста на Македонија, да се влијае врз стабилноста на целиот Балкански регион. Тоа е дијаметрално спротивната позиција на она што го бевме навикнале како европски приод кон регионот низ и по распадот на Османлиската империја, за низ „одржувањето“ на нестабилноста токму на Македонија (со „паузата“ од четириесетина години за време на СФРЈ) да се „негува“ јужноевропското геополитичко поткусурување.

На тоа играше и Милошевиќ кога се договараше за поделба на Македoнија со Мицотакис (постариот) на почетокот од деведесеттите, што Европејците – да не се вмешаа САД – радо воајерски ќе си го премолчеа. Слични антимакедонски амбиции негуваа и другите балкански шовинисти. И секогаш со ист исход: ќе тргнеа, па ќе застанеа сепнати пред извишеното знаме на Pax Americana овде длабоко забиено, до денешни денови, дури кога и Русија и Турција се обидуваат да плеткаат по Балканите.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e