Краставата жаба ќе го лапне СЈО!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа.

Златниот рудник“ на македонската правна држава – Специјалното јавно обвинителство – е правосудна институција чија функционална перспектива мора да се обезбеди, доколку Македонија има намера да опстане како држава во која марифетлуците на политиката ќе треба барем на среден рок уште да бидат скротувани од правото. И тоа баш вакво СЈО какво што е денеска: робустно, одделено од останатиот обвинителски систем, со посебна зграда, со посебен буџет, со посебен закон и со статус на кој по малку му се завидува! Со свои прес-конференции, со свои обвинители и истражители, со свој возен парк, па дури и со извесна мала ароганција која повремено предизвикува контроверзи во јавноста.

Како и да земете, СЈО тоа и го заслужува. И покрај семожните опструкции и проблеми, институцијата, за неверојатно кратко време, самата се воспостави во столб на демократската и правната обнова на Македонија, надвор од сите очекувања на домашните политички, но и стручни кругови. Не е претерано да се тврди дека таа ја спаси самата идеја за можноста од демократија во земјава. Произведе завидно количество деликатни обвиненија за кои сите се сомневаа дека ќе успее да ги покрене, а судењата по нив се во полн ек. Адвокатите на одбраната главно се концентрирани на тоа како да ги одложат рочиштата, а обвинетите се трудат да останат присебни, иако им е јасно дека водата им е дојдена скоро па до нос.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e