Кој идентитет ќе го одбраниме

Потеклото на секоја нација е историска приказна заснована врз факти и верувања, исполнета со митови за нејзините јунаци, војни, ослободители и просветители. Колку и таа приказна да се чини нејасна или спорна, таа како и секој мит има две основни функции. Првата е, како што ќе забележи францускиот научник Раул Жирарде, објаснувачка. Таа дава некаков клуч за разбирање на минатото и на сегашноста. Од друга страна, таа има и поттикнувачка, мобилизирачка функција. Одржувајќи ги во свеста фактите и верувањата за пријателите и непријателите, за историските јунаци и ослободителите, за неправдите и сојузниците и за славното минато, таа создава основа за политичко мобилизирање на нацијата и за нејзино политичко насочување во одредена насока.

Во однос на корените на македонската нација односно на македонската национална посебност и идентитет, би можело да се каже дека во духот на политичкиот плурализам, постојат три различни научно-историски или пропагандни толкувања и приказни.

Едната од нив, која е доминантна во бугарската историографија, е приказната за „бугарските корени на македонската нација“. Според неа, врз бугарските етнички корени, по 1937 година кога Коминтерната ја признала посебноста на македонската нација, почнала да се создава и посебна македонска национална свест, и тоа пред сѐ врз основа на интересот на Сталин и на српската пропаганда во Македонија. Според неа, Југославија била „зандана на народите“. Со стекнувањето на независноста на Македонија се создале услови за разобличување на фалсификувањето на историјата и за дознавање на вистината дека сите македонски револуционери и просветители се чувствувале и се изјаснувале како Бугари.

Според некои застапници на таа приказна, само Република Бугарија е гаранција за опстојувањето на независна Македонија, според моделот „две држави, еден народ“, а проблемот со аспирациите на Албанците во Македонија може да се реши со етничко разграничување преку размена на териториите, како што предлагаше Георгиевски за време на конфликтот во 2001 година.

Второто научно-историско толкување за потеклото на македонската нација говори за нејзините словенски корени и нејзината национална посебност. Ова толкување, кое до победата на Груевски на изборите беше официјална историја на Македонија, поаѓа од сознанието дека македонската нација е создадена низ вековниот отпор кон негирањата на македонската национална посебност од Бугарија, Србија и Грција, кои по Првата светска војна ја поделиле територијата на Македонија меѓу себе. Според ова толкување, создавањето на независната држава на македонските Словени, кои како и Бугарите и Србите дошле на Балканот од зад Карпатите во 6 век, никогаш не би завршило успешно без нивното вклучување во заедничката борба на југословенските народи, предводени од комунистите на Тито, против германскиот и бугарскиот фашизам. Но дел од таа приказна, непосредно пред прогласувањето на независноста на Македонија, беше и уверувањето на некои од нејзините поддржувачи дека Македонија како независна држава, без поддршка и тесна соработка со Србија, тешко ќе ја зачува својата самостојност. Таквото уверување се образложуваше со „сознанијата“ дека без солидарност и поддршка од Србите, Албанците во Македонија, меѓу кои има и такви кои тврдат дека живеат на територии окупирани од Славјаните, лесно ќе ја создадат голема Албанија на Балканот. А во тој случај, и Бугарија нема да седи со скрстени раце.

Целата колумна на Ѓорѓи Спасов објавена на “Независен”, прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e