Кој е вистински идиот, а кој само глуми лудило?

И додека се објаснуваме кој е талог а кој елита, кој е патриот а кој предавник, кој е вистински идиот а кој само глуми лудило, животот ни се лизга низ прсти.
Долгот на државата достигна 12 милијарди евра, цените во продавниците растат на неделно ниво, скапијата никој ниту сака ниту може да ја контролира, минималната кошница не ја ни спомнуваат, сиромаштијата се шири како епидемија, образовниот систем продуцира функционално неписмени ученици, студентите ги понижуваат со субвенциониран оброк од 140 денари, за земјоделците и сточарите ни откуп ни субвенции за производите, пензионерите бесрамно ги крадат, клиентелизмот ја истисна идеологијата од партиите, младите ги убиваат во нелегални дискотеки, преку водоводни мрежи граѓаните ги трујат со гомна, умираме од комарци и трески, државата ја пљачкаат безобразно и безмилосно како најголеми душмани…
Во нормалните земји се живее, во Македонија се’ потешко се преживува. Ама ќутете си оти, скраја да е, има и полошо.
Силно светнал ден!
ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e