Беќаровски: Се надевам истите општествено одговорни компании да купат санитетски и противпожарни возила

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните не ги коштал ниту денар концертот на Дејвид Гета, туку дека тоа е направено со општествено одговорни компании, денеска доктор Нико Беќаровски со порака – се надевам дека од денес истите тие општествено одговорни фирми јавно и транспарентно ќе се организираат да купат противпожарни и санитетски возила, контејнери за ѓубре низ целата држава….

Прекрасно е што во Македонија има општествено одговорни фирми кои во целост ги покриле трошоците за сите манифестации поврзани со 35 години самостојност.
Се надевам дека од денес истите тие општествено одговорни фирми јавно и транспарентно ќе се организираат да купат противпожарни и санитетски возила, контејнери за ѓубре низ целата држава, да донираат за болни граѓани, а ние граѓаните уредно ќе си купуваме влезници за сите културно-забавни манифестации, напиша Беќаровски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e