Кој е добриот, а кој лошиот, нема да го сопре злото

Насилство не може да се разбере. Објаснувања за тоа како почнал и како течел конфликтот во Сирија и кој е добриот, а кој лошиот, нема да го сопре злото, а уште помалку ќе го направи разбирливо. Тоа е бесконечна спирала на омраза и интереси…Има едно место во светот во кое царува пекол. Се друго е само виртуелна пропаганда за што повеќе кликови, постови, лајкови, за трупање пизма. На човек отсекогаш му било полесно да мрази, убива, злоупотребува, обвинува други, одошто да седне и да разговара.

Светот се дели на лесно манипулативни и манипулатори…тргни ги параваните од религија, идеологија и секоја групна идентификација – ќе добиеш голо и беспомошно тело, индивидуа со загрозен опстанок што ќе пека по стадото. Дури и зад најчистиот и највозвишен идеал за бескомпромисна борба на една група против злото, се крие некое ново зло. И така до бескрај.

Синоличка Трпкова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e