Кога бебињата ќе стивнат…

Девет месеци се потребни да се роди едно дете, но 90 дена не се доволни да се поправат децениските пропусти што придонеле Македонија да има неславни податоци кога е во прашање смртноста кај доенчињата. Од тој аспект, крајно неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува дека „Таравари и Заев се најсериозната болест која го зафатила македонското здравство“.

Изградбата и одржувањето на здравствениот систем е работа на контунуитет. Ниту се прави преку ноќ, ниту се руинира за еден ден. И нема „наши и ваши“ бебиња, родени во овој или оној политички мандат. Сите тие се наши деца, за жал, родени во време на недоизграден здравствен систем кој треба да се унапреди, а не неговите слабости да се продлабочуваат и да се користат за бескрупулозна партиска пропаганда.

Се ближат локални избори, но не можам да поверувам дека трката по гласови може да се одвива и преку тела на мртви деца. И сакам да заборавам дека во еден период и изборниот глас беше уценет со можност за ин-витро. И дека не им беше гајле што бремена мајка обвинета во „Пајажина“ го изгуби детето во затворски притвор, бидејќи не ѝ дозволија домашен.

Да ја анализираме состојбата. ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека „под нивна власт е извршена целосна реконструкција на ГАК, набавени се 11 респираторни машини, 16 инкубатори, 3 вормери, 1 ултразвучен апарат, 1 мобилен рендген апарат, 1 апарат за гасни анализи, 10 перфузори/инфузиомати“.

Точно. Гинеколошко-акушерската клиника беше целосно реконструирана и опремена во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ. И кога секоја влада во својот мандат би обновувала или би градела барем по еден здравствен објект, континуитетот ќе бележи нагорна здравствена, а не надолна пропагандна линија.

Беа набавени апарати и за таа, и за други клиники. Дел беа ставени и сѐ уште се во функција, дел (особено во внатрешноста) не беа, и не се во употреба или заради недостиг на обучени кадри, проблеми со несоодветни системи за напојување со електрична енергија, стартни дефекти, недостиг на резерви делови, на реагенси  итн. Но, за тоа во друга прилика.

Целата колумна на Катерина Блажевска за Призма прочитајте ја на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e