Каменот од Розета

Дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Претседателот на Собранието Талат Џафери пола месец не закажа седница. И така сериозно им ги намали приходите на пратениците од внатрешноста што наплаќаат патни трошоци.

Според пресметките на истражувачката мрежа СКУП , пратениците за користење на сопствените возила за доаѓање на седници во Скопје наплаќаат од 3.800 до 4.200 евра месечно. Тоа е три пати повеќе отколку нивните плати.

Тоа значи дека пратеникот во улога на шофер на самиот себе, заработува три пати повеќе отколку пратеникот во улога на пратеник. Што значи дека работата на пратеникот како народен избраник кој треба да ги застапува народните интереси, да носи закони и да ја контролира владата вреди трипати помалку отколку работата на возачот на пратеникот. Солидарно, пратеникот – возач и пратеникот – пратеник заработуваат четири плати месечно. За два мандата како пратеничка Силвана Бонева шест пати го завртела светот патувајќи од Скопје до Струмица. Овие новиве брзо го вртат првиот круг.

Звучи шашаво, ама функционира веќе 26 години. Оти, таков бил законот. Тоа го велат пратениците што ги менуваат законите и што можат да го сменат и Уставот. Дури и името на државата може да го сменат.

Ама правилникот за нивните патни трошоци не можат да го сменат. Оти тој е како Библија. Или е изделкан во камен. Како Каменот од Розета. Не може да се дешифрира. И како таков, не може да се смени.

Целата колумна на СДК на линкот тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e