Кадија те тужи, јавност те суди

Во Македонија нема ден, а на вестите да нема барем еден прилог за судски спор. Тие прилози речиси без исклучок се наменети за судските спорови на „големите ѕверки“, небаре тие се единствените кои се заглавени во судските лавиринти.

Просечниот човек во Македонија се соочува со многу побизарни судски спорови, од оние кои секојдневно се главна тема во вестите, но на нив никој не им посветува внимание.

Медиумите се фокусирани исклучиво на судските спорови на политичарите од поранешната и актуелната власт. Често медиумите не внимаваат на тоа како известуваат за судењата на јавните личности, па ја занемаруваат презумцијата на невиност, според која невин е секој се додека на суд не се докаже спротивното.

Добронамерниот Запад, често знае да даде препораки за реформи во правосудниот систем, но она што западните експерти го занемаруваат е традицијата во Македонија.

Корумпираноста на правосудниот систем во Македонија е толку вкоренета, што е присутна и во приказните кои им се раскажуваат на малите деца пред да заспијат. Додека не му однесеш кафе и локум на кадијата, нема да може да го најде селото Зрзе во тефтерот.

Реформите сами по себе не значат ништо. Можеме да ги имаме и најсовршените пишани правила, доколку не ја промениме свеста на народот, нема да промениме ништо.

Потребна е долгогодишна работа на терен за да се искоренат таквите сфаќања кои се присутни со векови, и да започне нова ера во правосудниот систем.

– Учиме право е програма во рамки на Младински образовен форум која цели да ги запознае младите со нивните права, демократијата, правниот систем и концептот на владеење на правото. Во рамки на програмата функцонираат Учиме право клубови во повеќе градови низ Македонија, се организираат обуки за средношколци и студенти, семинари, јавни предавања и функционира Советодавниот сервис за права на млади – пишува на сајтот на МОФ.

Целиот текст на Искра Манојловка за НОВА прочитајте го на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e