Излегување од замката на стравот

Љупчо Георгиевски напишал на својот фејсбук: Имам чувство дека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка.Што поскоро треба да се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите а добро е тој и да ги води преговорите.

Љупчо Георгиевски не кажува кој ја оспорува улогата на Нимиц. Не чита дека билатералните средби и разговори се само подготовка за продолжување на разговорите под покровителство на Нимиц. Не гледа дека тоа е фаза во разговорите и обид за зголемување на меѓусебната доверба на страните вклучени во преговорите со посредство на Нимиц.Нимиц и натаму ги води преговорите и е единствено надлежен за давање на предлози кои ќе одат пред Советот за безбедност ако се постигне согласноста на двете страни.
Не треба да се плашиме од директни средби и разговори меѓу претставниците на Македонија и Грција. Во овој вид разговори не се разговара ниту за продажба на „Окта„ ниту се заклучуваат тајни зделки за големи бизниси. Затоа мислам дека со тие директни разговори не само што не се влегува во некаква дипломатска замка туку се излегува од замката на стравот двете најзаинтересирани страни да разговараат отворено за сопствените стравови и ставови.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e