Голем напредок во општествово е што дури и вмровците сфатија дека во државава умираат премногу новороденчиња

За високата смртност кај новороденчињата е крив здравствениот систем. Со тој здравствен систем управува министер со име и презиме. Во 2016 година, после 10 години владеење на ДПМНЕ, додека министер веќе 5 години беше Никола Тодоров, починале 261 новороденче! Повторувам! 261 новороденче! Или повеќе од 21 месечно!

Статистички гледано, ако и оваа година е иста како лани, во овие 3 месеци додека министер е Таравари, починале околу 63 новороденчиња. Дали е така, немам податоци.
Дали Таравари можел за 3 месеци да го промени целокупниот здравствен систем? Само вмровец на фејсбук може да верува во тоа.

Но голем напредок во општествово е што дури и вмро-ОВЦИТЕ сфатија дека во државава умираат премногу новороденчиња!

Сега сите заедно можеме да вршиме притисок врз новиот министер дека тоа треба да е приоритет!
Црна Гора за 5 години успеа да ја намали стапката на смртност кај новороденчиња од 11 на 4,4!
Таравари, имаш цел, а ние имаме репер!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e