ДРЖ’ТЕ ГО КРАДЕЦОТ

Антикорупциска комисија? Кој добар виц, човече. Членовите на државното тело за борба против корупцијата лажеле на километража. Една сметка приложувале два пати. И во исто време биле ем на седница, ем на службен пат во странство, ем на пат за аеродром за да одат на пат. Доаѓале на работа само кога требало да пријават километража и фискални од патарини. И за сето тоа си земале наши пари.

Колку треба да си алчен за сето ова да ти текне, да го организираш и плус да ти помине? А во исто време гласно да викаш: „Др’жте го крадецот!“ Оти нели, тоа ти е работа.

И сега, откако САКАМДАКАЖАМ.МК на 27 февруари ги објави овие наоди од внатрешна ревизија на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), претседателот Игор Тантуровски вели дека против нив се водела политичка хајка. Не ги демантира наводите, ама насловите биле многу бомбастични. А хајката била оти многу работеле и имале истраги за корупција на функционери.

Не дај боже повеќе да работеле. Којзнае колку пати ќе наплателе за иста сметка. Оти, последно по што ја паметиме оваа комисија е кога на барање на ВМРО-ДПМНЕ даде мислење дека не треба да се менува јавниот обвинител Марко Зврлески.

Единствено што сработија е што во декември 2016 година побараа од Јавното обвинителство, УЈП и Финансиската полиција да влезат во контрола на 21 невладина организација. Па дури ни тоа не го смислија сами. Никола Груевски им нарача да ловат соросоиди, на 17 декември 2016 на протестот пред ДИК.

Е тоа беше нивниот ангажман. Да ги затворат сите што користеле странски грантови. Што трошеле оданочени пари на странски даночни обврзници. И цела година ги малтретираа. При тоа, овие невладини здруженија најчесто работеле во сфери со ранливи групи граѓани во кои што македонската држава не можела да сработи. Оти парите ги троши Антикорупциска комсисија и едно чудо други слични државни комисии.

Целата колумна на Горан Михајловски за Сакам да кажам можете да ја прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e