Да се биде Христијан Мицкоски

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски:

-Сегашното ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски се обидуваат да спроведат „невозможна мисија“: во силен пропаганден налет („криминален картел“, „заробена држава“ и сл.) да го поистоветат едногодишното владеење на Заев со единаесетгодишното владеење на Груевски, надевајќи се дека – без јасна осуда и дистанцирање од вмровското политичко, идеолошко и криминално наследство од Фамилијата – ќе пренесат врз себе, како да е првут во прашање, нешто од демократската енергија и надежи кои беа вложени од голем број граѓани во уривањето на недемократскиот режим на Фамилијата.

Се чини дека по ТВ дуелот на Мицкоски со Заев, Христијан направи голем исчекор барем во делови од сопствената партија можеби да биде препознаен и да добие кредибилитет како, навистина, нов лидер на партијата. Но, таквиот „внатрепартиски“ проект завршува на „обалите“ на неговото верно партиско членство; за да ја проектира таа порака и да ја црпи демократската енергија и во пошироката јавност која е во различна мера незадоволна од власта на СДСМ, ќе му треба вложување на уште многу, многу политички кредибилитет во дистанцирањето од ликовите и делата на познатите обвинети за високо-организиран криминал. На што и да се надева, тоа за него не можат да му го одработат обвиненијата на СЈО и пресудите на македонското судство.

Таквиот (во немање на подобра квалификација) „лешинарски“ став на Мицкоски – всушност, отсуството на негов став – е навредлив и многу потценувачки за интелигенцијата и меморијата на најголемиот број граѓани во Македонија. Тоа граѓанство (составено не само од етнички Македонци!), за да може Мицкоски да почне да го разгледува како потенцијална политичка појава, а особено и како можна изборна опција, очекува тој да покаже барем половина од храброста и интегритетот што Заев го демонстрираше во (лично, семејно, политички) високо ризичниот судир со Фамилијата во времето додека токму Мицкоски беше генерален секретар на партиската структура на Фамилијата. Премногу се свежи тие сеќавања, а кај многумина и со лични крајно непријатни искуства, за да потпаднеме под истата врескава и мизерна пропаганда на денешниот Курир, на што бевме изложени и пред, да речеме две, три или пет години. Нема продуктивна политичка иднина на Мицкоски, вон поддржувачите во некои кругови од неговата партија, сè додека ги користи пропагандните услуги на курирските манипуланти и колумнисти. Сите тие очајници би го сакале Груевски назад, а го доживуваат Мискоски само како неопходна партиска транзициска „епизода“.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e