Украинката Јана Орфева (27) веќе подолго време важи за најскапата љубовница на светот, а за неа пишуваа многу светски медиуми, особено откако беше откриено дека шеикот ѝ исплаќа вртоглави суми за да поминува време со него.
Јана и шеикот се во врска повеќе од пет години, а наводно тој ѝ дава и до 5000 евра дневно и ѝ ги исполнува сите други желби, а целиот луксуз во кој ужива го прикажува и на социјалните мрежи. На Инстаграм ја следат 194 илјади луѓе.
Орфева речиси секојдневно споделува нови фотографии и открива каде патува, што купува и како го поминува своето слободно време.
Така неодамна ги сподели и првите фотографии од својот син, кој го родила минатиот месец. „13. 05. 2026. Добре дојде на светот, наша мала среќо. Мама и тато те чекаа многу долго“, напиша таа покрај фотографијата на бебето.
Јана, благодарение на високите приходи, инвестирала во недвижности низ цела Европа, а дел од парите ги троши на луксузни патувања, скапи модни комбинации, чанти и обувки, како и на луксузни автомобили. Дел од парите вложила и во својот физички изглед и со текот на годините се подложила на неколку естетски зафати.
