Бесмислени и нелегални реферeндуми

Референдумите што би ги организирале општините за граѓаните да се изјаснат дека не дозволуваат на територијата на нивната општина да се градат кампови или станови за бегалци, се целосно бесмислени, но истовремено и не се дозволени со Законот за избори.
Целосно се бесмислени, и се само знак на ксенофобија од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ во општините, кои се кријат зад некаква граѓанска организација „Будење„ бидејќи ниту постојат бегалци во Македонија ниту план на владата и обврска да направи кампови и станови за нив. Дека Македонија не е земја во која што бегалците би сакале да останат е доказ фактот што низ неа во време на бегалската криза, поминаа 800 илјади бегалци а не побараа азил и не ни останаа ниту 10тина. Напротив. Од Македонија според некои податоци поголем број бегалци излегуваа отколку што влегуваа во неа, затоа што и некои наши граѓани со бегалскиот бран се обидоа да стигнат во Германија или во некоја друга земја од Западна Европа во која сакаа да емигрираат.
Од друга страна, како што со право тврди Мерсиха Исмалиловиќ, одлуките на Советите на некои општини, за одржување референдум на оваа тема на денот на изборите, кои се донесуваат деновиве се во спротивност со Законот за избори и не смеат да бидат допуштени.
Таа наведува дека:Според член 65 од Законот за референдум, средства за спроведување на референдум на локално ниво се обезбедуваат од буџетот на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје. Овој член се коси со членот 8-а, став 1, алинеја 1: Од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на изборите (претседателски, парламентарни или локални), не може да се располага со буџетски средства на Република Македонија, средства на буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал. Што во превод значи дека општината не смее да одржи/плати референдум до завршувањето на изборите.
Ако се има пред вид фактот дека овие реферeндуми кои треба да се одржат на денот на изборите со локaлните избори, се реално политичка активност за мобилизација на членството на една партија, тогаш јасно станува дека средствата од буџетот на општината и на градот Скопје не смеат да се користат за финансирање на таква активност.
Ако тоа се дозволи, тогаш е тоа најгрубо кршење на Изборниот закон и еден вид трошење на буџетски пари за партиски цeли или злуопотреба на државата и нејзините фондови за партиски цели. И доказ дека на Груевски не му доаѓа умот.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e