Алексиќ: Анри Бергсон за ИНТУИЦИЈАТА и МОРАЛОТ

Само интуицијата може да гледа на животот како на нешто што постојано тече, а разумот може да го разбере само она што ќе се стави во граници. Она што се ограничува воедно и се умртвува. Од различниот начин на живеење настанале два вида на луѓе, нивните светови се различни, а на секој од нив му одговара по еден вид на морал:

1. Првиот тип на луѓе се оние кои трпат притисок врз личноста и ги почитуваат моралните норми на заедницата во која се. Тие имаат т.н. затворен морал, тоа е морал на една определена заедница, обврска што ја наметнува општеството. Моралот има функционална цел, опстанок и перспектива на заедницата. Моралот на една заедница не вреди за некоја друга, па затоа тоа често е причина за конфликт.

2. Вториот тип на луѓе се слободни личности, тие имаат отворен морал. Отворениот морал ја претставува креативната димензија на човекот. Овој морал го креираат хероите на животот. Тие се т.н. виши тип на луѓе. Тие се насочени кон нешто повисоко, кон подобро од она што важи во општеството. Овие личности ја разбираат целината и длабочината на животот. Тие имаат „отворена душа“. Благосостојбата, задоволството, богатството не се она кон што тие се врзуваат. Токму затоа тие чувствуваат најпрво леснотија, а потоа и радост. Нивните начела се прогресивни и затоа најчесто се реализираат подоцна. Новите генерации се воодушевени од тие начела.

Бергсон се сомневал дека ќе дојде до поврзување на човештвото во една морална заедница, но верувал дека ќе расте универзалната улога на моралните творци кон поврзување на заедниците“.

ФБ статус на Татјана Алексиќ

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e