Филмска потера низ Тетово: По судир со „голф“, тетовец бегал од полицијата и се превртел со автомобилот

Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил во полицијата дека бил учесник во сообраќаен инцидент кој, според неговата изјава, прераснал во потера низ градските улици, по што неговото возило завршило превртено на кров.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 мај 2026 година околу 13:30 часот во СВР Тетово, Ф, објави 4news.mk И. (36) пријавил оти околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово дошло до судир меѓу неговото возило „Пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки и друго возило „Фолксваген Голф“.

По судирот, како што е наведено во пријавата, возачот на другото возило започнал да го следи низ градските улици. Во текот на возењето, пријавителот забележал и службено полициско возило со вклучени ротациони светла на крстосницата меѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“.

Плашејќи се, според сопственото сведочење, не застанал на даден знак, туку продолжил да се движи кон новиот пат за селото Порој, каде што изгубил контрола над возилото и се превртел на кров.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e