Како може да се натера ВМРО – ДПМНЕ да имаат една пратеничка група и да се скрати времето за дискусии

Денес 12 август, Претседателе на Собранието Талат Џафери, конечно треба да постапапите според член 33, став 2 од Деловникот на Собранието на РМ и пратениците на ВМРО ДПМНЕ да ги подведете на она што се: една пратеничка група.

1. Ако координаторит на пратеничката група на ВМРО ДПНЕ пратеникот Илија Димовски или било кој друг пратеник од “фантомвските сегментарни пратенички групи” побара еден саат пауза согласно член 81, став 2 како Претседател ќе дадете пауза од еден саат.

(Член 81
(2) Претседателот на Собранието ја прекинува седницата (пауза) по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група. …..”).

2. Ако потоа друг “координатир” пратеник од “фантомвските сегментарни пратенички групи” на ВМРО ДПМНЕ побара нов саат пауза би требало да се одбие барањето согласно член 81, став 2, втората реченица која гласи :

“Координатор или заменик координатор на пратеничка група ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ САМО ЕДНАШ (заб. Т.Б.) може да побара прекин на седницата, во траење од еден час.”

3. Пред да го одбиете барањето за пауза како Претседател на Собранието треба да обезбедите доволно луѓе за обезбедување кои ќе Ве штитат за да непречено претседавате со седницата од надилниците оратеници на ВМРО ДПМНЕ.

4. Собранието на седницата продолжува со работа и давате збор на пријавените пратеници. Ако некој прозван пратеник не излезе на говорница, го пивикуватњ наредниот и се така до исцрпување на листата.

5. Потоа констатитрате дека листата на пријавени пратеници за дискусија е исцрпена и се пристапува кон одлучување на предлог – одлуката за разрешување на Зврлевски. Пратениците присутни во салата ќе пристапат кон гласање и ќе се констатира бројот на гласовите и дали одлуката е донесена.

Фејсбук статус на Тито Илија Беличанец

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e