Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов “Феномен” и наиде на бура од позитивни коментари.
Како за песната, така убави коментари се пишуваат и за видеоспотот.
Инаку, Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.
“Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната” – истакна младата пејачка.
Погледнете го спотот за “Феномен”: