Еден од нашите најпознати јутубери, Стефан Лазаров, и поп пејачката Тамара Тодевска го објавија нивниот дует.
Станува збор за песната „Патишта“ за кои тие и претходно најавија дека ќе биде посветена на сите драги луѓе кои повеќе не се со нас.
Токму затоа, како што објасни и Стефан на Инстаграм, тие решиле да искористат и еден стих од легендарниот Тоше Проески.
Песната беше објавена во недела, а за помалку од еден час имаше преку 10.000 прегледи што се рекордни бројки.
Потсетуваме, Стефан оваа соработка со Тамара ја најави по смртта на својот драг пријател и колега Зоран Василевски познат како Зоки Фаци, пишува Гламур.
Тој тогаш даде ветување дека ќе сними песна што ќе му ја посвети, а сега заедно со Тамара и го остварија ова ветување.
„Понекогаш за да ти се случат убави нешта мора да поминеш тежок период или народски кажано после дождот доаѓа сонце“, напиша Лазаров веднаш по објавувањето на спотот, па го додаде и следново:
„Патишта е песна која што ја снимиме во најтешките денови. Денови кога почина вујко ми и Зоки. Затоа оваа песна ми значи живот, а се надевам и почеток на музички пат за мојата кариера. Фала ви за реакциите, коментарите, поддршката. За 4 часа Патишта брои 45 илјади прегледи“, напиша Стефан.
Инаку, во овој момент дуетот на Стефан Лазаров и Тамара Тодевска го имаат видено речиси 70.000 луѓе, и ако судиме според коментарите песната дефинитивно ќе биде нов македонски хит.
Како звучи ова дело на оваа двојка слушнете во продолжение: