(Видео) Југословен во трка за најдуховит човек на светот

Стенд-ап комичарот Пеџа Бајовиќ, кој настапува под знамето на Хрватска, а за себе тврди дека е Југословен, оваа година ќе учествува во трката за најдуховитиот човек на светот на второто по ред светско натпреварување на stand-up комедија во Лос Анџелес. Бајовиќ е во конкуренција на 89 комичари од 56 земји и на Американците ќе им објаснува за бивша Југославија.

Легендарниот хрвато-црногорско-српски-босанец кој има намера да “умре” во Македонија,во својата десетгодишна кариера во која има обиколено стотина градови од Америка до Австралија, во која има настапено на најпознатиот телевизиски канал за комедија-Comedy Central, комичарот кој е носител на титулата најдобар стенд ап ветеран на STAND UP ADRIA AWARDS, оваа година беше и во Скопје со своја целовечерна претстава.

Можеби името на натпреварувањето “The Funniest Person in the World“ е повеќе претенциозно, но нивниот повик да се пријавам на истото е своевидно признание за сето ова што сум го направил во претходните десет години, изјави Бајовиќ.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e