Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, ги изненади своите фанови со големото враќање на музичката сцена, со нешто што ретко се гледа, особено на нашите простори. Наследничката на Цеца ги воодушеви нејзините фанови и објави две песни на платформата Јутјуб во ист ден.
Таа објави две песни во еден ден и со самото објавување привлече големо внимание кај публиката. Објавите на социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари и возбуда за новите песни.
Првата песна наречена „Кадар“ е придружена со високобуџетен спот снимен во најголемото студио на Балканот.
Втората песна „Права“ носи емотивна приказна и веднаш ги освои срцата на нејзината публика благодарение на силниот текст и енергичната мелодија.