Вељко се надева дека по три сина ќе добие ќерка, но Богдана не смее да раѓа повеќе

Вељко Ражнатовиќ во искрена исповед за подкаст откри дека лекарите ја советувале Богдана дека може да остане трудна само уште еднаш.

Ова би била четврта бременост на Вељко и Богдана, но лекарите ги предупредиле дека секоја понатамошна бременост може да биде ризична, бидејќи секој пат таа се пораѓала со царски рез.

– Сето ова е од Бога, сите три сина. Ништо не е вештачко, па ни ова… Се надевам дека четвртото… Мислам, сега ќе паузираме затоа што сме во тотално лудило… (се смее) Но, навистина се надевам дека четвртото дете ќе биде девојче и дека ќе биди најмладата принцеза на тато. Ќе има некои разлики меѓу сите и така натаму“ – призна Ражнатовиќ во подкаст што го пренесува порталот Србија данас.

Да, еднаш во животот го допрев дното и тогаш се рестартирав. Само сакам да кажам дека бев таму и ако некој сега е во таква ситуација, ова што го кажувам е единствениот начин. Верата и само вербата ми помогна“ – јасен беше синот на Цеца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e