Пејачката Рада Манојловиќ зборуваше за еликсирите за подмладување, споменувајќи ги лежањето во када полна со мраз и консумирањето урина, методи што ги користи „кралицата на попот“, Мадона. Сепак, Рада истакна дека не е подготвена да оди толку далеку.
„Видов дека и спортистите постојано се во некаков мраз, па тоа веројатно е добро за мускулите или нешто друго. Морам да го проучам тоа. Што се однесува до урината, и за тоа читав дека е добро, но не знам дали би одела во такви крајности. Го сакам себе и би сакала да живеам сто години како Рокфелерите и Ротшилдови кои си купиле здравје и години, но сепак, не сум сигурна за тоа“, изјави Рада, пренесува Курир.
Сепак, постои метод што ѝ се допаѓа на Рада, а е поврзан со покојниот Мајкл Џексон.