Синот на Драгана Мирковиќ и ќерката на Здравко Чолиќ се во врска?

Наследникот на популарната пејачка сподели фотографија со која ја заинтригира јавноста.

Синот на фолк-пејачката Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ и ќерката на познатиот поп-пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, со години се во центарот на вниманието на јавноста.

Тие еднаш излегоа на заеднички ручек во еден познат белградски ресторан и веднаш почна лавина од коментари за природата на нивната врска.

За многумина беше невообичаено кога видоа дека поминуваат време заедно, бидејќи малкумина знаат дека со години се во добри односи, а се познаваат уште од детството.

Драгана и Здравко се долги години пријатели, а нивните наследници се другари уште од детството.

Марко потоа ги извести своите следбеници на Инстаграм со кого излегол на ручек.
По тој повод тој објави фотографија од храната и ја означи постарата наследничка на Чола, што и таа го сподели на својата приказна на Инстаграм.

Драгана ја има и ќерката Мануела од бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e