Сека Алексиќ долги години се бореше за потомство, а Господ, како што вели, ја наградил со два прекрасни сина. Сепак, пејачката повеќе пати истакнуваше дека ќе продолжи да раѓа, па третата бременост е она што се очекува.
Иако во април наполни 43 години, Сека смета дека има уште време повторно да се реализира како мајка.
Пејачката неодамна истакна дека посакува девојче, но, како што вели, најважно е децата да се живи и здрави, не е битен полот, а неважна е и возраста за породувањето.
Верувам дека можам да раѓам до 55-та, го чувствувам тоа, мислам дека до 55 години ќе имам уште две деца – истакна Сека, а потоа ги изненади сите кога проговори за воспитувањето на децата.
Децата не ги воспитуваат бабите и дедовците и дадилките, туку мама и тато и учителките. Одлучивме дека мојот сопруг треба да ги воспитува синовите, свесна сум дека не сум човек што може да воспитува деца, луѓе, не знам како да го правам тоа и не ми е срам да го кажам тоа – изјави пејачката во емисијата „Ако прозборувам“.