Игор Којиќ се ожени со 15 години помладата Софија Дачиќ, која веќе го смени презимето на социјалните мрежи…
Венчавката се одржа во строга тајност, на 3 јануари 2025 година, во Белград, а сега решија моментите од овој емотивен чин да и ги покажат на јавноста.
Игор на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од сопругата како се потпишува во матичната книга на венчаните, а потоа и самиот. Потоа објави фотографија на која се бакнува со својата поубава половина.
Инаку, Софија има 22 години и дури е 15 години помлада од Игор. Таа е многу активна на социјалната мрежа TikTok. Нејзините клипови имаат десетици илјади прегледи, а ја следат околу 10.000 луѓе.
Точно е дека јас и мојата сопруга добивме награда и признание од општина Нов Белград како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бога. Прва, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите! Христос се роди!“ – рече Којиќ.