Сандра Африка открива детали од тешкото детство: Татко ми ми ја избричи главата

Пејачката Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, не зборуваше многу за своето детство и приватниот живот во јавноста, но во една прилика сподели неколку детали за тоа.

Имено, Сандра пред неколку месеци изненади кога кажа дека нејзиниот татко и ја избричил главата поради слабите оценки во училиште, а нејзините родители биле многу строги додека таа растела.


– Со мама можев се, само требаше да и кажам каде сум и со кого сум, а на пример, татко ми кога добив 1 во училиште буквално ми ја избричи главата – рекла на работ на солзи Сандра Африка.

Сандра се осврна и на односот со Миле Китиќ за кого работеше како танчер и откри дека во моментот кога побарала помош од него го сменил телефонскиот број:

– Му се јавивме на Миле Китиќ и го замоливме да не упати и да и се јави на Марина и да каже што било. Ми рече да му се јавам после викенд и во недела, не дека не се јави, туку го смени телефонскиот број.

Исто така, Сандра Африка еднаш се отвори за својата бременост и откри дека го изгубила бебето со фудбалерот Владимир Волков.

„Ми беше многу тешко да зборувам за тоа и тогаш, а е и сега“, изјави Сандра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e