Раша заслужува да му ги мијам нозете… Гоца Тржан искрено за бракот со помладиот сопруг

Пејачката Гоца Тржан со години ужива во хармоничен брак со тапанарот Радомир Раша Новаковиќ, со кој почна врска по разводот од учесникот во реалното шоу „Елита“ Иван Маринковиќ. Односот во бракот на Гоца и Раша првпат го откри самата пејачка, објаснувајќи колку го почитува сопругот и дека тој заслужува се’…

Имено, Гоца Тржан често без резерва зборува на многу теми, а сега ги откри и деталите од врската со Раша.

Мажот кој влегува во врска со постара жена која има дете е повеќе од храбар маж. Зошто? Затоа што вие не само што носите дете во тој брак, ги носите и вашиот поранешен сопруг, бившата свекрва и бившата фамилија, а јас како Гоца Тржан не го донесов само тоа, туку и медиумските глупости. Тој човек очигледно толку многу ме сака и толку ми е посветен што заслужува да му ги измијам нозете кога ќе дојде дома. Не му ги мијам стапалата, но понекогаш кога ќе видам дека е уморен, му ги масирам. Никогаш нема дојдено дома без да го пречекам без разлика колку е часот. Дури и да сум заспала, кога ќе слушнам дека дошол, станувам за да го прашам дали е уморен или гладен – открива Гоца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e