Принцот Хари конечно проговори за разводот со Меган Маркл

Во последните месеци принцот Хари и Меган Маркл ретко се појавуваа заедно во јавноста. Принцот оди сам на патувања, додека Меган за тоа време се забавува со пријателките. Затоа и не е чудно што имаше гласини за проблеми во нивниот брак, на кои Хари сега се осврна.

Имено, додека присуствувал на Самитот на „Њујорк тајмс“ принцот ги демантираше шпекулациите дека се разделува со Меган Маркл, кои настанаа затоа што парот оди на настани одвоено.

„Според сè, купувавме или се преселивме од куќа до куќа 10 до 12 пати. Очигледно и сме се разведувале можеби 10 или 12 пати“, рекол принцот Хари.

Принцот Хари исто така изјави дека е навикнат на медиумско лудило и истакна дека му е жал за интернет мразителите кои вложуваат време во неговиот брак.

„Нивните надежи само се градат, а потоа тоа не се случува. Затоа ми е жал за нив. Искрено…“, објаснил тој.

Војводата од Сасекс му се извини и на Ендрју Рос Соркин, новинарот кој го интервјуираше, бидејќи мисли дека и тој може да стане жртва на гнев по нивното интервју.

Хари додаде дека нема сомнеж дека интервјуто ќе биде свртено против него, а со тоа и против новинарот на „Њујорк тајмс“ со кој разговарал.

„Можам само да се извинам за тоа, но вие ме поканивте, па не сум јас виновен“, на шега му одговорил принцот.

Војводата од Сасекс нагласи дека интернет гласините со текот на времето можат да станат опасни.

„Го живеам тоа искуство уште од дете. Сум видел приказни пишувани за мене кои всушност не се засновани на реалноста. Сум видел приказни за членовите на моето семејство, пријателите, странците, секакви луѓе. И мислам дека кога ќе пораснеш во тоа опкружување, ќе се најдеш во ситуација да ја доведуваш во прашање валидноста на информацијата, но и што мислат другите луѓе за тоа и колку тоа може да биде опасно со текот на времето“, објаснил принцот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e