Александра Пријовиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од концертот на Лепа Брена со песната „Boli me uvo za sve“ и емотикон со срце.
Музичката ѕвезда Лепа Брена на 3-тиот по ред концерт во Арена Загреб го скрши скочниот зглоб, по што итно беше оперирана на Клиниката за трауматологија. Од болница пејачката на социјалните мрежи објави дека се опоравува, а сподели и фотографија од концертот со нејзиниот хит „Boli me uvo za sve“.
Сега истото го направи и Александра Пријовиќ, која на фотографијата на Брена додаде емотикон за срце и на овој начин ја поддржа. Пејачките се многу блиски и секогаш се поддржувале и професионално и приватно.
Брена е прекрасна жена која се грижи за своето семејство и е многу добра личност“ – изјави претходно Александра и додаде дека има прекрасен однос со Брена и Боба.