Повеќе од 100 луѓе ќе го тужат Пи Диди за сексуален напад и силување

Американскиот адвокат Тони Базби потврди дека повеќе од 100 луѓе ќе го тужат контроверзнниот раперот Паф Диди,или Шон „Диди“ Комбс за сексуален напад, силување и сексуална експлоатација.

– Ова е важна работа што имаме намера да ја продолжиме агресивно. „Нема да го оставиме случајот недопрен за да ги најдеме сите потенцијално одговорни страни, вклучително и кој било поединец или ентитет што учествувал или имал корист од ова срамно однесување“, рече адвокатот.

Мега популарниот музичар Паф Диди се соочува со обвиненија за сексуална трговија и рекет, што е вклучено во обвинението, каде што пишува и дека учествувал во киднапирањето, ги принудувал луѓето на работа и подмитувал.

Тој се изјасни за невин за овие злосторства, но беше уапсен минатата недела и е во притвор.

По апсењето било констатирано дека кај него полицијата пронашла поголема количина бебешко масло и лубриканти, како и оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e