Бритни Спирс одлучи да се отсели од САД. Пејачката на својот 43 роденден откри дека ја донела одлуката да се пресели во Мексико со цел да избега од папараците.
„Навистина ме повредува тоа што папараците прават моето лице да изгледа како да носам некаква бела маска. Тоа дури не ни наликува на мене“, порача Бритни.
Бритни додаде и дека односот на папараците кон неа бил „исклучително злобен и суров“ па затоа се преселила во Мексико.
Бритни, која ги има синовите Шон (19) и Џејден (18) од бракот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, беше снимена при слетувањето во Кабо Сан Лукас на 2 декември, а фотографиите ги објави „ТМЗ“. На фотографиите можеше да се забележи дека Бритни била видно расположена, облечена во бел мантил, со црна шапка и очила за сонце.